Медиумска писменост

Muzikë

Свириме за промена

AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.


„Свириме за промена“ - е мултимедијално движење креирано да инспирира, поврзува и да донесе мир во светот преку музика. Идејата за овој проект произлегува од верувањето дека музиката ја има моќта да ги надмине границите и растојанието меѓу луѓето. Без разлика од каде доаѓаат, каква е нивната политичка, економска, спиритуална, идеолошка или религиозна позадина, музиката ја има универзалната моќ да не обедини како една раса- човековата.

За успешна реализација на проектот оваа група поседува студио кое поради специфичните потреби е подвижно, со кое се снима и е опремено со опрема која се употребува во најдобрите студија, а патуваат таму каде музиката ќе ги однесе.

Музичари од целиот свет заедно свират познати песни кои ја пренесуваат пораката за мир. На нивните настапи, публиката може да види и слушне музичари кои патувале илјадници милји од дома, а обединети поради една причина – обединувачката моќ на музиката да допре до сите.

Една од песните која е одсвирена на овој начин, и за која е снимано видео, е популарната песна на Боб Марли - “War- No More Trouble”

 

Лејди Гага со најгледано видео на YouTube

AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Лејди Гага со најгледано видео на YouTube

 

Со над 179 милиони прегледувања, спотот за песната „Bad Romance“ на Лејди Гага стана најгледана содржина на „YouTube“, надминувајќи го досегашниот рекордер – комичното видео „Charlie Bit My Finger.

Песната „Bad Romance“ на Лејди Гага е на врвот на топ листите ширум светот уште од нејзиното појавување во ноември минатата година, и очигледно е дека интересот за неа уште не спласнува. Ако на ова се додадат глобалната попуарност на Лејди Гага и оригиналните видео записи на нејзините песни, тогаш јасно е од каде потекнува неверојатната посетеност на песната на „Youtube“.

Извор:

Social Times

 

Pandora + Twitter = Dora.fm

AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Pandora + Twitter = Dora.fm

 

Најинтересните работи на Мрежата, најчесто се производ на одлично комбинирање на веќе постоечките услуги. Најновата примамлива комбинација е наменета за сите оние кои уживаат во слушање музика на Pandora и „твитање“ истовремено. Се работи за „Dora.fm, која комбинирајќи ги услугите на „Pandora“, „Twitter“ и скратувачот на линкови „Bit.ly, им нуди на корисниците да ја споделат музиката што ја слушаат со своите пријатели на „Twitter“.

20100406-nbdhdm1b495c7kssu2jm185kup

Извор:

ReadWriteWeb

 

Најпопуларните социјални мрежи за музика

AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Најпопуларните социјални мрежи за музика

 

itunes-music-social-networkИнтернет-радиото можеби влегува во несугирни води, но многу од социјалните мрежи за музика продолжуваат да бележат голема популарност. Ако сте член на бенд, овие веб-страници се мошне битни за промоцијата на вашата музика. Затоа, додајте ги следниве линкови во “bookmarks” и зачленете се на што поголем број од музичките социјални мрежи кои денес ви ги презентираме. Се разбира, „MySpace“ е изоставена од листата затоа што нема потреба некому да ја претставуваме.

 

Lexo ma...
 

Поседувањето на музичка колекција попосакувано од претплатата на музички сервис

AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Поседувањето на музичка колекција попосакувано од претплатата на музички сервис

 

untitledВо анкетата на порталот „Mashable“, која се состоела од прашањето дали читателите преферираат да поседуваат сопствена колекција на музика или повеќе ги привлекува претплатата на одреден сервис за слушање музика, 50% од испитаниците одговориле дека претпочитаат да имаат лична колекција. За претплата на сервисите за музика се одлучиле 28%, додека пак 22% одговориле дека обата начина на конзумирање музика им се подеднакво драги.

Ваквите резултати од страна на порталот се толкуваат како пораст на процентот на поддржувачи на музичка претплата, но и како потврда на идејата дека на пазарот има простор за обата пристапи.

Извор:

Mashable

 

Подемот на социјалната музика: Како Мрежата ја трансформираше музиката

AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Подемот на социјалната музика: Како Мрежата ја трансформираше музиката

 

music-clickПред 15 години ги слушавме нашите омилени песни на компакт дискови, се шетавме со вокмените и потпевнувавме на звуците од радиото. Но со подемот на Мрежата и социјалните медиуми музиката се трансформираше во уште пораширена и подостапна уметност. Веќе нема потреба музиката да биде запакувана на наосач на звук потпишан од врвна музичка куќа, ниту пак мораме поседуваме масивна колекција на дискови за да може да се нурнеме во светот на музиката.


Lexo ma...
 

novi_baneri_03ALIDSCSEJCnovi_baneri_06_ALbaneri-ok_01_ALВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието