Медиумска писменост

Излезе „FIFA Superstars“ за „Facebook“

 

fifasuperstarslogoОна за што многу се зборуваше во последниот период, конечно се оствари – „ Playfish“ и ФИФА ја објавија  „FIFA Superstars“ за „Facebook“. Во време кога сите го исчекуваат Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, и интересот за „најважната споредна работа на светот“ е во постојан пораст, лансирањето на играта е сосема логичен потег.

Инаку се работи за игра во која менаџирате фудбалски клуб - развивате стратегија, купувате и продавате играчи, играте натпревари со останатите корисници и се трудите да ја внесете вашата екипа во што повисок ранг на натпреварување. Играчите со кои играте се од реалниот фудбалски свет, бидејќи ФИФА ги има лиценците за користење на вистински имиња и клубови.

fifasuperstarsroster

Самата игра има голем број на опции, а со напредување по нивоата отворате нови можности. Ресурсите во играта се „искуство“ и „злато“, и со нивна помош го унапредувате тимот. Како и во останатите популарни игри на „Facebook“, и тука можете да купите ресурси преку популарниот „Playfish“ кеш. Ова се однесува и на можноста на играње повеќе натпревари во текот на денот, бидејќи по „регуларен пат“ имате право на 20-тина меча во текот на 24 часа (5 на 6 часа). Со „Playfish“ кешот,  пак, можете да си обезбедите дополнителни натпревари. 

Во пресрет на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка, сите веруваат дека оваа игра ќе биде огромен хит во следните неколку месеци.

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието