Податоците на корисниците на MySpace се на продажба
Социјалното вмрежување тукушто стана поризично за вашата приватност. Имено, информациите на сите корисници на „MySpacе“ сега се ставени на продажба. Тоа значи дека сите заинтересирани можат да ги откупат фотографиите, активностите и информациите кои корисниците ги објавувале на својот профил.
Колку ова да изгледа нечесно, сепак е правно издржано, бидејќи „MySpace“ ги поседува сите податоци закачени на серверот на социјалната мрежа, а корисниците се согласуваат со тоа во мигот на пристапување на мрежата (“I agree to terms and conditions”).
Целиот случај со MySpace уште еднаш го покрена прашањето на приватноста. Колку навистина сме свесни за тоа на кои услови се согласуваме кога се зачленуваме на социјалните мрежи, и дали некој воопшто ги чита условите на зачленување пред да притисне „Се согласувам“.
Во таа насок професорот Ебен Моглен од „Columbia University“, предупредувајќи на малата свест на корисниците за приватноста на податоците, заговара развивање на социјални мрежи кои ќе функционираат на принципот „peer-to-peer“ со што корисниците ќе можат да ја задржат контролата врз податоците кои ги објавуваат.




Досега сигурно сте слушнале за случај на „хакнат“ „Facebook“ профил, при што личнит информации биле подложни на манипулација. Но, можеби не знаете колку е лесно вашиот профил да биде пробиен. Во време кога „Facebook“ е една од главните мети за прибирање туѓи информации од личен карактер, навистина ви е потребен план за заштита.





