Телевизија за „паметни“ телефони
Луѓето од „Fox Mobile Group“ денес го најавија сервисот „Bitbop“, кој е всушност претплата на ексклузивни видеосодржини за „паметни“ мобилни телефони (smartphones). Овој сервис ќе чини 10 долари месечно, и веќе се најавува како „најдоброто нешто додека не се појави апликацијата за Hulu“.

Инаку, со „Bitbop“, корисниците ќе можат да пребаруваат комплетни телевизиски содржини и филмови по менито, и ќе можат да ги гледаат во „streaming“ верзија или да ги симнат на својот мобилен телефон. Се уште не е познато со колкаво количество на содржина ќе располагаат корисниците, а тоа ќе биде мошне битно, ако се знае дека покрај содржините на „Fox“ мрежата, на располагање ќе бидат и содржини од „NBC Universal“ и „Discovery“.
Останатите прашања кои чекаат одговор во наредните недели, кога Bitbop ќе биде достапен за симнување, се: дали сервисот ќе содржи реклами, дали ќе се доплаќа за одредени содржини и дали, кога станува збор за сериите, и епизодите од изминатите сезони ќе бидат достапни. Останува да почекаме и да видиме.