Медиумска писменост

Социјални мрежи

Факти и статистики за социјалните медиуми во 2010 година

 

Ова видео, изработено во „Box Hill“ Институтот од Мелбурн, ја доловува вистинската ситуација со социјалните медиуми во актуелниот момент, преку статистики и интересни факти, кои можеби не сте ги знаеле.


 

Се сомневате ли уште во моќта на социјалните медиуми?

 

Приватноста се враќа на „Facebook“

 

Корисниците на „Facebook“ победија. После повеќемесечни негодувања и обвинувања, сопствениците на најголемата социјална мрежа одлучија да ги поедностават прилагодувањата на профилите на корисниците, со што ќе се намалат ризиците по приватноста. 

„Зад нас се неколку напорни недели. И порано се обидувавме да им излеземе во пресрет на корисниците, но работите некако се измешаа и настана хаос. По реакциите на корисниците, ги донесовме работите во ред, пред се со додавање на поедноставни опции за регулирање на приватноста на профилот“ – изјави на конференција за новинарите сопственикот на „Facebook“, Марк Цукерберг. 

v171123p0

Неговата реакција следуваше по загрижувачките анкети на Интернет кои покажуваа големо незадоволство на корисниците од начинот на заштита на приватноста на податоците од нивните профилина „Facebook“. Алармот се вклучи кога меѓу пребаруваните поими на „Google“ мошне популарна стана фразата „како да се избришр профилот на Facebook“. 

Еден од најважните аспекти на „новата приватност“ е опцијата ретроактивно да ги заштитите направените објави (слики, статуси). Повеќе детали за ова можете да прочитате на блогот на Цукерберг. 

Извор и фото:

Mondo

 

„Google Buzz“ – социјална мрежа или агрегатор на статуси и „твитови“?

 

Изминаа само 3 месеци од лансирањето на „Google Buzz“, но се чини дека и толку е доволно да заклучиме дека обидот на „Google“ да зграпчи дел од колачот на социјалните мрежи се покажува неуспешен. Најновиот извештај на „PostRank“, центарот за истражување на социјални медиуми, покажа дека 90% од содржината која се објавува на „Buzz“ е автоматски генерирана, и тоа – 63% повлечена од „Twitter“ и 27% од RSS „фидовите“. 

20100420-cwtn555uukejnq2kpxrj7nsntn

Ова значи дека речиси никој директно не комуницира користејќи го „Buzz“, односно дека најголемиот дел од корисници само го имаат поврзано овој сервис со останатите социјални мрежи, па тоа што го гледате како ажурирана содржина на „Buzz“, всушност е споделена содржина, оригинално ажурирана на „Twitter“ или на друго „социјално“ место. 

Зошто состојбата со „Buzz“ е таква каква што е? За тоа не треба некоја посебна анализа. Едноставно, чуму ви е „Buzz“ кога сите пријатели ви се веќе на „Facebook“ и „Twitter“?

Извор:

ReadWriteWeb

 

Социјална мрежа за политичари

 

townhallОткако стана повеќе од јасно дека социјалните мрежи се извонреден ресурс за водење на политичките кампањи, очекувано беше дека ова поле на политичка борба уште повеќе ќе се развива. Првиот чекор во таа насока го направи „Microsoft“, со промоцијата на новата социјална мрежа наменета исклучиво за политички активности. Имено, денес беше претставена платформата „TownHall“, развиена со цел да им послужи на потребите на луѓето од политиката и нивните поддржувачи.

Всушност, „TownHall“, е дел од групата на алатки на компанијата „Microsoft“, наречена „Campaign Ready“, која е целосно посветена на олеснување на политичките активности. Новата социјална мрежа, меѓу другото, ќе овозможи спроведување на анкети, поставување и одговарање на прашања на поддржувачите и слични активности, кои ќе бидат наградувани со беџови, по принципот на „Foursquare“. Истовремено, најгорливите теми ќе бидат исфрлани во преден план на интерфејсот на платформата, по принципот на „Digg“, и ќе бидат најдостапни за интеракција за посетителите.

Засега, „TownHall“ е во демо верзија и останува да го сочекаме и официјалното отпочнување со работа, за да видиме дали политичарите ќе умеат да го искористат максимумот од новата платформа и дали тоа ќе влијае позитивно врз нивото на политичката комуникација.

Извор:

Mashable

 
Страница 1 од 7

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието