Јазик на убедувањето (прв дел)
Целта на најголемиот дел од медиумите е да ја убедат публиката да верува во нешто или да направи нешто. Холивудските филмови користат скапи специјлни ефекти да направат да веруваме дека она што го гледаме е реално. Сториите од вестите употребуваат најразлични техники да не уверат дека информацијата е вистинита.
Медиумските пораки кои најмногу се посветени на убедување на публиката можат да се најдат во рекламирањето, односите со јавност и поддржувањето на некого или нешто. Комерцијалното огласување се обидува да не убеди да купиме производ или услуга. Односите со јавност ни „продаваат“ позитивна слика за корпорација, влада или организација. Политичките групи или групите за поддршка (групи кои подржуваат одредено верување, гледна точка, политика или акција) не убедуваат да им дадеме поддршка, да гласаме за нив, со помош на реклами, говори, летоци и други средства. Овие техники на убедување ги нареуваме „јазик на убедувањето“. И тие не се нови – Аристотел пишувал за убедувачки техники пред повеќе од 2000 години. Уште пред тоа време, па се до сега, техиките на убедување се употребуваат постојано како од говорниците, писателите, така и од медиумите.