Медиумска писменост

Мобилни телефони

„Microsoft“ ќе претстави телефони специјализирани за социјално вмрежување

 

Веќе извесно време се зборува за таканаречениот „Project Pink на „Microsoft“, а судејќи според „Wall Street Journal“, резултатите од истиот ќе му бидат презентирани на светот на 12 април.

windows-mobile-gaming-260Проектот „Pink” на „Microsoft“ наводно е поврзан со лансирање на цела линија на мобилни телефони со нагласена интегративност во однос на социјалните мрежи, наменета претежно за помладите корисници. Овој пат, се чини дека Microsoft го зеде во свои раце хардверскиот дел од проектот, за разлика од досегашната пракса да се ограничи само на софтверот и да им дозволи на партнерите да решаваат за техничките аспекти на самите уреди.

Според „Wall Street Journal“, телефоните ќе бидат пуштени во продажба на крајот на април. Дотогаш останува да чекаме „да истечат“ некои нови детали. Она што е очигледно е фактот дека „Microsoft“ одбива да биде надвор од трката за пазарот на новата генерација мобилни телефони, а доказ за тоа е и скорешното лансирање на „Windows Phone 7 Series.

Извор:

Mashable

 

„Google“: Статичните компјутери ќе бидат безначајни за три години

 

nexus-one-top-260x1902Зборувајќи на „Digital Landscapes“ конференцијата, Џон Херлихај (John Herlihy), директорот задолжен за онлајн продажба во Европа на „Google“, изјавил дека компанијата е повеќе ориентирана кон мобилните уреди, бидејќи смета дека во иднина тие ќе бидат мошне поважни од статичните компјутери.

 

Повеќе...
 

Интеграција на „Bump“ со „Facebook“

 

Bump-appsДали некогаш сте посакале да станете пријател на „Facebook“ со некој кој тукушто сте го запознале, и тоа на лице место? Сега, доколку имате „iPhone“, ова можете да го сторите само со едно мало потчукнување на телефоните. За сето ова е најзаслужна апликацијата „Bump“ за „iPhone.

 

Повеќе...
 

Најавен „Facebook Zero“ за мобилни телефони

 

facebook-zero

Од „Facebook“ стигнува најва за верзија наменета за мобилните телефони наречена „Facebook Zero“. Станува збор за „олеснета“ страница, која треба да го намали протокот додека пристапувате на вашата омилена социјална мрежа преку мобилниот телефон. На „Facebook Zero“ ќе може да се пристапи преку адресата zero.facebook.com.

Повеќе...
 

Претставен новиот оперативен систем за мобилни на „Microsoft“

 

На Светскиот конгрес за мобилни телефони, кој се одржува во Барселона, беше претставен „Windows Phone 7 Series“ – најновата верзија на оперативниот систем за мобилни телефони на „Microsoft“. Се очекува новиот оперативен систем на мобилните телефони да донесе неодолив спој на игрите од „Xbox“, музиката од „Zune“ и подобрено искуство на гледање видеа на телефон.

zunephone1

 Сепак, адут на новиот оперативен систем (OS) на „Microsoft“ ќе биде начинот на кој ги интегрира социјалните медиуми. Имено, корисниците ќе можат да поставуваат статуси или фотографии на повеќе сервиси истовремено, а новостите од профилите на пријателите ќе бидат достапни на екранот во форма на т.н. „live streaming“.

За повеќе детали, погледнете ја оваа презентација на „Microsoft“.

 

Продажбата на „Nexus One“ оди слабо

 

nexus-one-top-260x1902Станува повеќе од јасно - „Nexus One“, мобилниот телефон на „Google“, не воодушевува со продажбата. Во првиот месец се продадоа само 80 илјади парчиња, што е „смешна“ цифра во однос на „iPhone“ (600 000) и „Droid“ (525 000).

Како причина за слабата продажба се наведуваат неколку фактори. Првенствено, тука е отсуството на традиционалните маркетиншки средства. Имено, „Google“ се реши за продажба со пристап директно до потрошувачите што, иако иновативно, очигледно не е нешто на што типичните конзументи на индустријата на мобилни телефони се навикнати. За споредба, рекламната кампања за „Droid“ чинела 100 милиони долари. Друга причина е поддршката за 3G што „Nexus One“ ја нуди единствено на корисниците на услугите на „T-Mobile“. Конечно, корисниците се жалат и за отсуство на корисничка поддршка, не знаејќи дали за проблемите да се обратат на производителот „HTC“, на мобилниот оператор или на „Google“.

На последниов проблем се обиде да одговори „Google“, со нудење на телефонска поддршка, но само за САД, а не и за интернационалните купувачи. За овие вторите останува само да прочепкаат по форумите на Интернет и да се обидат да стигнат до посакуваните одговори.

Извор:

Mashable

 
Страница 1 од 2

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието