Промовиран националниот форум за интернет надзор
Години наназад истражувањата покажуваат дека т.н. Google генерација не е толку способна околу ИТ технологиите како што постарите често нагласуваат. Тоа е сосема нормлано, бидејќи сепак, можеби тие знаат како да кликнат овде или онде, но сепак им недостасува искуство и пошироки позанвања за да можат во секоја ситуација да донесат правилна одлука. Се разбира за тоа е тука процесот на образование, формално, неформално, улично, но и интернет образование.
Токму за превенција и заштита од несакани искуства на Интернет и соодветна образовна надградба е основан Националниот форум за интернет надзор. Оваа нова македонска непрофитна организација ќе биде јавно промовирана утре во рамките на меѓународната „Лидерска конференција за ИКТ во образованието 2010“.
Во делот од страницата каде е појаснето зошто постои овој форум е наведено следново:
Децата на денешнината се особено поврзани со употребата на Интернетот, бидејќи скоро и да не познаваат време кога тој не постоел. Има многу штетни појави на кои децата се изложени кога користат Интернет – кражба на идентитетот, несоодветни содржини, верска и национална омраза, но можеби најголемата опасност се крие во нивната потенцијална сексуална злоупотреба.
Сексуалната злоупотреба може да се појави во повеќе видови: сексуални предатори, несоодветни содржини, злоупотреба на малолетници во педофилски активности, итн. Децата, како млади личности отворени за сознанија, сеуште немаат доволно развиени критериуми и одбранбени механизми за да ги препознаат овие опасности, а уште помалку да се борат со нив.
Токму тука се наоѓа оправданоста, а и неопходноста од постоењето на организации како што е НФИН – Националниот форум за интернет надзор. Овие организации ги заштитуваат децата од несаканите видови на нивно искористување, и тоа со повеќе видови на активности, кои меѓусебно се надополнуваат и помагаат.
Овој форум ќе делува преку:
- Соработка со интернет-провајдерите
- Можност граѓаните да пријавуваат престапници
- Подигање на свеста и едукација
- Соработка со државни институции и органи
- Соработка со странски организации
- Интернет присуство
- Известувања на јавноста







