Медиумска писменост

Интернет

IT.com.mk - Сите победници на првите македонски Веб награди

 

Дознајте кои се првите добитници на Македонските Веб награди. 

itcommk

Целиот текст на IT.com.mk.

 

Бангладеш го забрани „Facebook“

 

Следејќи го примерот на Пакистан, Бангладеш го забрани пристапот на „Facebook“ поради групите со навредливи содржини за исламските верници. Оваа вест доаѓа само една недела откако „Facebook“ беше забранет во Пакистан, поради групата која ги поттикнуваше своите членови да цртаат карикатури со ликот на пророкот Мухамед („Everybody Draw Mohammed Day“).

 facebook

Сепак, оваа забрана нема да биде перманентна и ќе биде подигната тогаш кога навредливите содржини ќе бидат отстранети или ќе биде блокиран пристапот до нив од Бангладеш. Истото тоа го направи и Пакистан, кој синоќа објави дека забраната е симната, откако менаџментот на најголемата социјална мрежа се извини и ги презеде сите неопходни мерки да бидат отстранети навредливите содржини. 

Засега „Facebook“ успешно балансира помеѓу слободата на говорот и притисокот за ограничување на навредливите содржини, но останува да видиме како ќе се развива овој конфликт кој тлее во позадината на најголемата социјална мрежа, посебно по најавите за создавање на социјална мрежа по теркот на „Facebook“, наменета исклучиво за муслиманските верници.

 

Десет земји со официјално протестно писмо до „Google“

 

buzzВо писмо адресирано до генералниот директор на „Google“, Ерик Шмит, институциите задолжени за заштита на личните податоци на Канада, Франција, Германија, Израел, Италија, Ирска, Холандија, Нов Зеланд, Шпанија и Велика Британија, го изразија својот протест во врска со неколку аспекти на приватноста кои се засегнати од одредени сервиси на „Google“. 

Повеќе...
 

Комуникации.нет: Тематски страници, форма која ја посакуваат интернет читателите

 

Некаде на почетокот на оваа година тим составен од луѓе кои работат во Google, New York Time и Washington Post работеа на развој на понапреден формат на т.н. Topics pages или преведено на македонски тематски страници.

komunikacii

Станува збор за страници, дел од информартивните сајтови кои на едно место собираат повеќе релеванти информации за една тема, компанија, настан или лице. На истата се прикажуваат најновите, најважните и информациите поврзани со соодветната тема.

Целиот текст тука.

 

WEB 3.0

 

Во последно време на Интернет мошне актуелен е терминот „семантичка мрежа“. Што означува овој термин и дали наголемо влегуваме во ерата на WEB 3.0, погледнете во овој кус документарен филм на Кејти Реј (Kate Ray).


 

IT.com.mk: Корисниците и приватноста на прво место во новата ЕУ дигитална агенда

 

Секое домаќинство мора да има широкопојасен интернет по пристојна цена до 2013 година, со конечна цел 100% од европските домаќинства да имаат брз интернет до 2020 година и да бидат едуцирани да се вклучи во дигиталното општество, пишува во резолуцијата за развој на 2015.еu дигиталната агенда. Освен интернет дома, ЕУ сака 75% од мобилните телефони да имаат 3G интернет до 2015 година.

timthumb

Покрај развивање на дигиталната инфраструктура и образованието, големо внимание треба да се посвети и на приватноста, но пред се корисниците да ја имаат контролата врз својата приватност. 

Повеќе...
 
Страница 1 од 4

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието