|
|
|||
|
Датум: Вторник, Мај 11, 2010 At 10:00
Времетраење: 5 Часа 30 Минути
|
||
|
|||
|
„МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ - ПОТТИКНУВАЊЕ НА УЧЕСТВОТО НА МЛАДИТЕ ВО ДЕМОКРАТСКИТЕ ПРОЦЕСИ“ 10:00 -15:30 11 мај 2010 (вторник) Холидеј ин, Скопје Оваа конференција е дел од Проектот „Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“ што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за демократија „ Societas Civilis“ - Скопје и Европскиот центар за новинарство од Холандија во соработка со Министерството за образование и наука на Р. Македонија и Бирото за развој на образованието. Партнери и поддржувачи на Проектот се и Високата школа за новинарство и односи со јавноста, како и Светската асоцијација на весници и новински издавачи од Париз (WAN-IFRA).
ДНЕВЕН РЕД
09.45 – 10.00 Регистрација на учесниците
ПРВА СЕСИЈА
10.00 – 10.05 Билјана Петковска, извршен директор на Македонскиот институт за медиуми (модератор на првата сесија) - Воведно обраќање
10.05 – 10.20 Весна Хорватовиќ, директор на Бирото за развој на образованието - Обраќање на директорот Симоне Филипини, амбасадор на Кралството Холандија во Скопје - Обраќање на амбасадорот
10.20 - 10.30 Весна Никодиноска, раководител на програми во Македонскиот институт за медиуми - Презентација на Проектот “Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија” - Промоција на Прирачникот за наставници за изучување на медиумската писменост во наставата по мајчин јазик, како и на интернет-страницата за медиумска писменост
10.30 – 10.45 Мери Беркаут, програмски менаџер за медиумска писменост, Кениснет, Холандија -Елементи потребни за развој на медиумската писменост -Случајот на Холандија – како државата го поттикнува интегрирањето на медиумската писменост во образованието -Поттикнување на соработката меѓу државата – образовниот систем – НВО секторот - медиумите
10.45 – 11.00 Ерилин Мекмејн, извршен директор на Програмата за развој на млада читателска публика при Светската асоцијација на весници и новински издавачи, Париз - Како весниците и едукаторите соработуваат во насока на создавање писмени, граѓански активни и медиумски писмени генерации на млади луѓе, на светско ниво
11.00 – 12.00 Презентација на видео материјал (10’) Прашања и дискусија
12.00 – 12.20 Кафе пауза
ВТОРА СЕСИЈА
Владимир Мисев, претседател на Институтот за демократија “Societas Civilis” – Скопје (модератор на втората сесија)
12.20 - 12.35 Крис Ван Хал, проектен менаџер во „Крант ин де Клас“, Холандија - Цели, активности и најдобри практики на „Крант ин де Клас“ за основно и за средно образование, во сферата на медиумската писменост, граѓанството и часовите по јазик
12.35 – 13.10 Аница Петкоска и Аница Фичуроска, наставници по англиски јазик во СЕОУ „Гостивар“, Гостивар -Медиумската писменост на час: заеднички проекти на учениците од Македонија, од Холандија и од САД Тамара Ќупева, наставник по мајчин јазик во СГУЦ гимназија „Орце Николов“, Скопје - Потребата за вакви проекти во образованието - Реализација на час со употреба на принципите на медиумската писменост - Примери за најдобри практики
13.10 – 13.20 Зоран Андоновски, главен и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“ - Улогата на весниците во новото медиумско опкружување: како да се привлече младата публика и да се поттикне образовната функција на весниците - Соработката меѓу медиумите и образованието (Колибри, прилог за ученици во Нова Македонија) - Медиумска писменост – врска меѓу медиумите и образованието
13.20 – 13.30 Зоран Ричлиев, експерт за нови медиуми, Медиа Принт Македонија - Медиумите во транзиција - влијанието на Web 2.0 врз новинарството - Генерациски јаз (Фејсбук генерации ученици и нивните наставници) - Потреба за медиумска писменост во самите медиуми
13.30 - 14.30 Прашања и дискусија Заклучоци
14.30 – 15.30 Ручек |
|||
|
||