Медиумска писменост

Адвертајзинг

„Facebook“ ќе ги следи сите активности на корисниците за рекламни потреби

 

За унапредување на ефективноста на огласувањето, од „Facebook“ планираат да ја следат интернет историјата на секој корисник, и врз основа на неа да пласираат соодветни огласи на профилите на корисниците. Ова може да биде полн погодок за огласувачите, но и уште еден проблем поврзан со приватноста за корисниците.

facebook-privacy

Имено, „Facebook“ ќе ги следи линковите што ги споделувате на вашиот профил, и врз основа на брендовите застапени во нив, ќе исфрла  огласи наменети за вас, под претпоставка дека споделената содржина е индикатор за вашата наклонетост кон соодветниот бренд. На овој начин „Facebook“, „на мала врата“ ќе го воведе „таргетираното“ огласување.

Уште една новост поврзана со оваа социјална мрежа, која се очекува да биде објавена наскоро, е замената на „Стани обожавател“ (Become a Fan) со „Ми се допаѓа“ (Like) во рамки на страниците на брендовите, од причина што било утврдено дека корисниците мошне почесто се служат со втората опција.

Извор:

Mashable

 

Брендирани елементи во социјалните игри – револуција во адвертајзингот или...?

 

farmville-peanutsСледната недела играчите на „FarmVille“ ќе можат, меѓу другото да одгледуваат и кикиритки, благодарение на адвертајзинг агенцијата „Saatchi & Saatchi и една израелска компанија за слатки. Ова е прв пат еден елемент од играта да биде директно поврзан со бренд. Идејата ја разви „Saatchi Interactive“ во својата централа во Тел Авив, во рамки на кампањата за „Elite Taami Nutz“, чоколаден производ наполнет со крем од кикиритки кој е во спственост на израелски производител на слатки. 

Повеќе...
 

еМаркетинг: Помогнете им на посетителите да станат купувачи

 

buy-home-onlineИмате Интернет страница на која доаѓаат многу посетители, но сепак вашиот профит стои во место? Тогаш сте одработиле само половина од вашата домашна задача. Успеавте да ја направите вашата страница позната, многу луѓе да ја посетуваат секојдневно, а потоа едноставно си одат. Имате уште работа тука.

Доколку се занимавате со трговија на Интернет, главен параметар кој го мери вашиот успех е зголемувањето на продажбата. Мора да научите како вашите посетители донесуваат одлука да купат од вас и при тоа малку да ја поттикнете нивната одлука да купат токму од вас. Еве неколку лесни начини кои ќе ви помогнат да ја поттикнете оваа нивна одлука и да ги претворите вашите посетители во купувачи:

читајте понатаму на еМаркетинг

 

Што очекуваат од брендот оние кои го следат на социјалните мрежи

 

emarkУправувачите со брендови се трудат да ги натераат потрошувачите да ги следат нивните активности, и да зборуваат за прендот што го промовираат, но корисниците на социјални медиуми најчесто очекуваат нешто за возврат. Иако секој потрошувач првенствено очекува добра зделка, се покажа дека активните корисници на социјалните мрежи често очекуваат и подлабоко врзување со брендот. 

Повеќе...
 

Рекламата на „Google“ на „Super Bowl“

Погледнете ја рекламата за која „Google“ откупи рекламен простор на „Super Bowl“.     

 

Рекламите од „Super Bowl 2010“

 

super-bowl-44_starts_cbs_time_2010

Финалето на плеј-офот во американски фудбал, наречено уште и „Super Bowl“, е вистински спектакл за вљубениците во овој спорт, но во последните години и вљубениците во реклами се редовни пред телевизорите во време кога се емитува овој натпревар. Имено, поради огромната гледаност, големите компании сметаат дека е неопходно да бидат присутни со своја реклама во тој термин, па натпреварувајќи се во инвентивност, прават покрај фудбалскиот натпревар да се случува и неформален натпревар за најдобра реклама.

Годинешниве реклами можете да ги погледнете и да ги оцените на овој линк.

Инаку, се проценува дека „Super Bowl“ е следен во просек од околу 90 милиони гледачи во САД, а 30 секунди рекламен простор за оваа година чинел околу 3 милиони долари.

 
Страница 1 од 2

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието