Медиумска писменост

СТУДЕНТИ

AddThis Social Bookmark Button

Податоците на корисниците на MySpace се на продажба

 

my-space-logo3Социјалното вмрежување тукушто стана поризично за вашата приватност. Имено, информациите на сите корисници на „MySpacе“ сега се ставени на продажба. Тоа значи дека сите заинтересирани можат да ги откупат фотографиите, активностите и информациите кои корисниците ги објавувале на својот профил.

Колку ова да изгледа нечесно, сепак е правно издржано, бидејќи „MySpace“ ги поседува сите податоци закачени на серверот на социјалната мрежа, а корисниците се согласуваат со тоа во мигот на пристапување на мрежата (“I agree to terms and conditions”).

Целиот случај со MySpace уште еднаш го покрена прашањето на приватноста. Колку навистина сме свесни за тоа на кои услови се согласуваме кога се зачленуваме на социјалните мрежи, и дали некој воопшто ги чита условите на зачленување пред да притисне „Се согласувам“.

Во таа насок професорот Ебен Моглен од „Columbia University“, предупредувајќи на малата свест на корисниците за приватноста на податоците, заговара развивање на социјални мрежи кои ќе функционираат на принципот „peer-to-peer“ со што корисниците ќе можат да ја задржат контролата врз податоците кои ги објавуваат.

 
AddThis Social Bookmark Button

Пет начини да го заштите вашиот „Facebook“ профил од хакирање

 

5l7yv7Досега сигурно сте слушнале за случај на „хакнат“ „Facebook“ профил, при што личнит информации биле подложни на манипулација. Но, можеби не знаете колку е лесно вашиот профил да биде пробиен. Во време кога „Facebook“ е една од главните мети за прибирање туѓи информации од личен карактер, навистина ви е потребен план за заштита.

Еве неколку совети за превенција на профилот од пробивање:

 

Повеќе...
 
AddThis Social Bookmark Button

IT.com.mk - Водич за зачувување на приватноста на „Facebook“

 

vodic ITВо време кога популарноста на најголемата социјална мрежа, „Facebook“, кулминира, погласни стануваат и предупредувањата за заштита на приватноста, која многу од корисниците често ја занемаруваат, несвесни за последиците. Сите пофалби за оваа тема одат на адреса на порталот IT.com.mk, кој објави Водич за зачувување на приватноста на „Facebook“. Силно им препорачуваме на сите корисници на „Facebook“ да го преземат тука, и внимателно да го прочитаат.
 
AddThis Social Bookmark Button

Поимовник на медиумската писменост

 

Секој специјализиран дискурс има свој посебен јазик, па така е и со дискурсот на медиумската писменост. Многу од поимите кои се наведени тука често имаат мошне пошироко значење од она кое ќе ви го претставиме. Ова е само обид да се дефинира значењето на поимите во областа на медиумската писменост.

Агенда/поставување на агенда: Процес со кој медиумите се обидуваат да влијаат на луѓето околу тоа што и за што да зборуваат и размислуваат.

Брендирање: Процес со кој добрата на пазарот стануваат препознатливи повеќе поради имиџот отколку поради конкретен квалитет. 

Повеќе...
 
AddThis Social Bookmark Button

Деконструкција на медиумските пораки

 

Сите медиумски пораки – ТВ програмите, весниците, филмовите, рекламита и слично – се создадени или конструирани од луѓе. Една од најважните вештини во медиумската писменост е способноста за деконструкција на медиумските пораки – темелно испитување и расчленување на медиумските пораки со цел да се разбере како тие навистина функционираат.

Повеќе...
 
AddThis Social Bookmark Button

Десет причини за изучување на медиумската писменост 

„Се давиме во информации, но гладуваме за знаење“

--John Naisbitt, Megatrends

 

1. Им помага на студентите да бидат мудри конзументи на медиумските содржини, добри менаџери со информации, одговорни продуценти на сопствените идеи во користењето на моќните мултумедијални алатки на глобалната медиумска култура.

 

Повеќе...
 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието