Медиумска писменост

MËSUES

Email Shtyp pdf
AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Прирачник за наставници за изучување на медиумската писменост во наставата по мајчин јазик

Излезе од печат Прирачникот за наставници, изработен во склоп на проектот за Унапредување на медиумската писменост во образованието во Република Македонија.

priracnik

Сите заинтересирани Прирачникот можат да го симнат на овој линк.

 
Email Shtyp pdf
AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Совети за интегрирање на социјалните медиуми во наставата

 

social-sketch-brown-bag1Популарноста на социјалните мрежи меѓу учениците повеќе не е новост, туку секојдневие. И покрај ова, најголемиот дел од училиштата односот со социјалните медиуми го сведуваат на забрана за употреба на истите за време на училишниот престој. Причината за тоа е имиџот што социјалните медиуми го имаат како „одвлекувачи на внимание“, но и недоволното познавање на новите комуникациски технологии од страна на наставниците. Сепак, факт е дека социјалните медиуми се тука, и ќе останат уште долго, по се изгледа, и со ограничувања или без, учениците ќе продолжат да ги користат во секоја можна прилика.

Опишаниот контекст ги наведе луѓето од порталот „Mashable“ да објават статија со неколку совети за наставниците, кои би им помогнале да ги вклопат социјалните мрежи во наставата како корисна дидактичка алатка. Еве ги тие совети. 

Përditësue ( E enjte, 13 Maj 2010 12:29 ) Lexo ma...
 
Email Shtyp pdf
AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Јазик на убедувањето - втор дел


1963_Techniques_of_Persuasion_-_J.A.C.BrownВо вториот дел на „Јазик на убедувањето“ ви ги претставуваме техниките на убедување од средно ниво.

16. Големата лага. Се смета дека луѓето повеќе се сомневаат во малите лаги отколку во големите. Големата лага е повеќе од преувеличување, тоа е раскажување на измислената приказна во детали со голема самодоверба и на харизматичен начин. Да се препознае Големата лага потребно е да се размислува надвор од „рамките“ и да се поставуваат прашања кои другите не ги прашуваат. 

Përditësue ( E hanë, 22 Mars 2010 11:30 ) Lexo ma...
 
Email Shtyp pdf
AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Јазик на убедувањето (прв дел)


PropagandaЦелта на најголемиот дел од медиумите е да ја убедат публиката да верува во нешто или да направи нешто. Холивудските филмови користат скапи специјлни ефекти да направат да веруваме дека она што го гледаме е реално. Сториите од вестите употребуваат најразлични техники да не уверат дека информацијата е вистинита.

Медиумските пораки кои најмногу се посветени на убедување на публиката можат да се најдат во рекламирањето, односите со јавност и поддржувањето на некого или нешто. Комерцијалното огласување се обидува да не убеди да купиме производ или услуга. Односите со јавност ни „продаваат“ позитивна слика за корпорација, влада или организација. Политичките групи или групите за поддршка (групи кои подржуваат одредено верување, гледна точка, политика или акција) не убедуваат да им дадеме поддршка, да гласаме за нив, со помош на реклами, говори, летоци и други средства. Овие техники на убедување ги нареуваме „јазик на убедувањето“. И тие не се нови – Аристотел пишувал за убедувачки техники пред повеќе од 2000 години.  Уште пред тоа време, па се до сега, техиките на убедување се употребуваат постојано како од говорниците, писателите, така и од медиумите. 

Përditësue ( E premte, 19 Shkurt 2010 12:09 ) Lexo ma...
 
Faqe 1 nga 2

novi_baneri_03ALIDSCSEJCnovi_baneri_06_ALbaneri-ok_01_ALВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието