Медиумска писменост

Медиумска деконструкција

Медиумската писменост и средното образование

AddThis Social Bookmark Button

Медиумската писменост  и средното образование

Во обидот да се претстави влијанието на медиумската писменост во  развојот на ученикот и посебно во воспитно - образовните процеси во училиштето, се отвораат неколку прашања. Едно од основните, е прашањето за местото на ученикот во процесот на образовaние и воспитание, неговиот одраз во општествениот контекст и посебно, начинот на перцепција на светот низ кој,  тој ги поминува фазите на своето себеспознавање.

Со современото општество владее принципот на општа темпорализација на животот, според кој времето станува сè: мислење, случувања, настани... - сè што го осмислува и одразува човекот. Во овие услови,  општеството се менува. Научно -технолошката револуција влијае на структуралните промени на сите сфери на човековото живеење и општествено однесување. Традиционалните вредности добиваат поинаква смисла и значење во современ контекст.
Целиот текст превезмете го тука
Извор на слика: Нова Македонија

 

Во обидот да се претстави влијанието на медиумската писменост во  развојот на ученикот и посебно во воспитно - образовните процеси во училиштето, се отвораат неколку прашања. Едно од основните, е прашањето за местото на ученикот во процесот на образовaние и воспитание, неговиот одраз во општествениот контекст и посебно, начинот на перцепција на светот низ кој,  тој ги поминува фазите на своето себеспознавање.

                Со современото општество владее принципот на општа темпорализација на животот, според кој времето станува сè: мислење, случувања, настани... - сè што го осмислува и одразува човекот. Во овие услови,  општеството се менува. Научно -технолошката револуција влијае на структуралните промени на сите сфери на човековото живеење и општествено однесување. Традиционалните вредности добиваат поинаква смисла и значење во современ контекст.

 

Наградени видео клипови

AddThis Social Bookmark Button

Во рамки на отворениот конкурс за кратки есеи, научни анализи и мултимедијални текстови од областа на медиумите и медиумската писменост, оваа недела наградата за најдобар видео клип е доделена на  Ѓорѓи Селков за видео клипот на тема "БЕЗ РАЗЛИКА КОИ СМЕ И ШТО СМЕ - ИСТИ СМЕ"

 

Аљоша Симјановски: Медиумите и политиката

AddThis Social Bookmark Button
Медиумите и политиката
ХИПЕРСТВАРНОСТ
Џ.Ф. Кенеди, според мислењето на најголем број медиумски авторитети, е првиот телевизиски претседател на САД. Неговата изборна победа во 1960 година над Ричард Никсон во голем дел е резултат на телевизиските дебати, како дел од предизборната кампања. Покрај неоспорниот државнички талент, во голема мера тој бил поткрепен од советничкиот тим за медиуми, кој апсолутно бил свесен за важноста на насмевката, изборот на вратоврската, ритамот на говорот, сугестибилноста на гестикулацијата. Неговиот високомодернистички културен настап, облагороден со елементи на европскиот добар вкус и чувство за медиумска непосредност, се составен дел од успешната формула за еден нов императив на политичко дејствување т.н. телевизиска /медиумска/ вистина, што во наредниот период молскавично ги освојува сите општественополитички, социјални и гносеолошки аспекти на постоењето.
Денес, половина век подоцна, во ерата на апсолутната медијализација, фактот дека е нешто вистинито затоа што се појавило на телевизија или во весниците, е анахрон идеализам. Денес, медиумите без пардон ја артикулираат и моделираат реалноста во согласност со своите принципи. Создадени се и разработени до совршенство жанрови и типологии со кои ги преземаат приматот и контролата врз сублимираната (од нив самите) реалност. Тие со својот силен продор и опсег, веќе се активен содржински чинител на една нова историско спознајна димензија - хиперреалност.
Актуелната политика очигледно е медиумски писмена и итра и е наполно свесна за принципите и за технолошко-информацискиот карактер на стварноста. Сите политички гарнитури, без исклучок, во нашите бурни дваесет години транзициско живеење, за еден од врвните приоритети во своето дејствување ја претпоставувале стратегијата на освојување на виртуелниот простор преку континуирано кадровско присуство и добро осмислен настап.
Кампањите и медиумската помпа години наназад се неодминлив дел на активната и пасивната политичка пропаганда и во нашиот политички живот. Во бурниот плурален амбиент сé повеќе се насетува влијанието на клучните аспекти на медиумската презентација: реториката и усниот координиран настап, ритамот на презентацијата во согласност со ритамот на перцепцијата на потенцијалното гласачко тело, т.н. „секундарна оралност“ - визуелна вештина на дополнување на говорниот облик на содржините со гестикулација и микромимика, драмски паузи, сугестивен тембр и модерен стајлинг.
Но кенедиевската доба во политичката пропаганда денес се надополнува и проширува во блогосферата и социјалните мрежи, преку кои политичарите најлесно и најбрзо ќе може да допрат до голем број гласачи. По примерот на претседателот на САД, Барак Обама, профили на Фејсбук имаат голем број лидери на политички партии, а активни веб-страници имаат сите партии.
Некогаш прочуениот маклуановски логички алгоритам за медиумите како продолжение на човечките сетила, обврзна романтична лектира, носталгично ехо и анахронизам... во нашата (македонска) семплирана редимејд-ситуација и во периодите на изборите ќе ја имаат и клучната улога во нашите животи, особено сега во ерата на Фејсбук, Твитер, Интернет.
Авторот е публицист, филмски и ТВ-режисер
Автор: Аљоша Симјановски
Извор: Нова Македонија

 

Сите сме исти

AddThis Social Bookmark Button
Во рамки на отворениот конкурс за кратки есеи, научни анализи и мултимедијални текстови од областа на медиумите и медиумската писменост, оваа недела наградата оди за авторот Ѓорѓи Пеев и неговото видео „Сите сме исти“ / "We are all the same".
 

Манифест за медиумска едукација

AddThis Social Bookmark Button

 

Манифест за медиумска едукација

Проектот е обид да се постигне заедничко разбирање и причини за медиумска едукација. Овој проект започнува со веб-страна а завршува со објавување книга со што подобро ќе се разберат причините за спроведувањето на проектот што во иднина ќе овозможи оддржливост , одбрана и застапување на истиот во училниците.

Стартот е обележан со гледиштата за причините за медиумска едукација изложени од неколку медиумски едукатори. Сепак, тоа е само појдовна точка што не ја претставува длабочината која проектот ја има за цел.

Повеќе за овој проект може да видите на овој линк

 

 

Да ги повратиме здраворазумноста и/или стравот

AddThis Social Bookmark Button

Сатирично забавна пародија организирана од домаќинот на Daily show, Џон Стјуарт (John Stewart)  во Вашингтон која е посветена на разоткривање на пропагандните техники на ширењето страв, предрасуди и стереотипи во американската политичка реторика.  Одличен пример на медиумска деконструкција. Погледнете го видеото .

 

 

Извор на слика: brandmediaweek

 


 
Страница 1 од 5

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието