Медиумска писменост

Деконструкција

AddThis Social Bookmark Button

Медиумската писменост  и средното образование

Во обидот да се претстави влијанието на медиумската писменост во  развојот на ученикот и посебно во воспитно - образовните процеси во училиштето, се отвораат неколку прашања. Едно од основните, е прашањето за местото на ученикот во процесот на образовaние и воспитание, неговиот одраз во општествениот контекст и посебно, начинот на перцепција на светот низ кој,  тој ги поминува фазите на своето себеспознавање.

Со современото општество владее принципот на општа темпорализација на животот, според кој времето станува сè: мислење, случувања, настани... - сè што го осмислува и одразува човекот. Во овие услови,  општеството се менува. Научно -технолошката револуција влијае на структуралните промени на сите сфери на човековото живеење и општествено однесување. Традиционалните вредности добиваат поинаква смисла и значење во современ контекст.
Целиот текст превезмете го тука
Извор на слика: Нова Македонија

Метаморфозис: Белгија - „Софтверот со отворен код спречува појава на монополи и ја зголемува иновацијата“

opensource-logo

Софтверот со отворен код спречува монополи, помага во споделувањето на знаење и ги зголемува општествените иновации“, вели Винсент Ван Квикенборн, белгискиот министер за поедноставување на администрацијата.

Тој очекува дека јавната администрација сè повеќе ќе го применува овој вид на софтвер, делумно поради тоа што со него се намалуваат трошоците. Министерот Ван Квикенборн со неговиот говор ја отвори работилницата за слободен софтвер за јавните администрации, организирана од страна на Министерството за економија во Брисел, на12 март, 2010 г. 

Повеќе...
 
AddThis Social Bookmark Button

Податоците на корисниците на „MySpace“ се на продажба

my-space-logo3Социјалното вмрежување тукушто стана поризично за вашата приватност. Имено, информациите на сите корисници на „MySpacе“ сега се ставени на продажба. Тоа значи дека сите заинтересирани можат да ги откупат фотографиите, активностите и информациите кои корисниците ги објавувале на својот профил.

Колку ова да изгледа нечесно, сепак е правно издржано, бидејќи „MySpace“ ги поседува сите податоци закачени на серверот на социјалната мрежа, а корисниците се согласуваат со тоа во мигот на пристапување на мрежата (“I agree to terms and conditions”).

Целиот случај со „MySpace“ уште еднаш го покрена прашањето на приватноста. Колку навистина сме свесни за тоа на кои услови се согласуваме кога се зачленуваме на социјалните мрежи, и дали некој воопшто ги чита условите на зачленување пред да притисне „Се согласувам“.

Во таа насок професорот Ебен Моглен од Columbia University, предупредувајќи на малата свест на корисниците за приватноста на податоците, заговара развивање на социјални мрежи кои ќе функционираат на принципот „peer-to-peer“ со што корисниците ќе можат да ја задржат контролата врз податоците кои ги објавуваат.

AddThis Social Bookmark Button

Лобирање против отворениот код

open-source-communism-260Дали промовирањето на софтверот со отворен код едновремено ве прави и противник на капитализмот? Да, според лоби-групата за заштита на интелектуалната способност од САД.

Лоби групата со назив „International Intellectual Property Alliance (IIPA)“, која се залага за заштита на интелектуалната способност, побара од владата на САД да ги стави земјите како Индонезија, Бразил и Индија на специјалната листа за надзор, наречена “Special 301 watchlist.” Оваа листа всушност е извештај кој се бави со ефикасноста на заштитата на интелектуалната сопственост во глобални рамки. Сите што се нашле на оваа листа, воедно се сметаат за „непријатели на капитализмот“ поради недоволното залагање да ја заштитат интелектуалната сопственост на сопственото тло. 

Повеќе...
 
МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието