Медиумска писменост

Социјални мрежи

AddThis Social Bookmark Button

Следете ги славните личности на „Foursquare“

 

foursquare-logo1Од „Foursquare“ објавија дека постигнале договор со „MTV“ и „VH1“ кој се однесува на промоција на концепт за следење по теркот на „Twitter“, но на славни личности, наречен “Celebrity Mode”. Тоа значи дека корисниците на „Foursquare“ ќе можат да ги следат ѕвездите, без воспоставување на взаемно пријателство – токму како што функционира „Fun page“ на „Facebook“. 

Повеќе...
 
AddThis Social Bookmark Button

„Facebook“ го престигна „Google“ по број на посети од САД

 

number-1-iconНа крајот од минатата недела, поточно на 13 март, „Facebook“ го презеде првото место од „Google“, како веб-страница со најмогу посети од САД. Најголемата социјална мрежа сличен резултат оствари и за Нова Година и околу Божиќ, и беше само прашање на време кога во „нормален“ ден ќе се случи преземањето на водството. Во тој контекст, сите веруваат дека ова водство ќе биде перманентно.

Во однос на ова време минатата година, посетите на „Facebook“ се зголемени за 185%, додека за истото време „Google“ забележа раст од скромни 9%. Со над 400 милион корисници, „Facebook“ полека но сигурно станува примарна дестинација за најголемиот дел од „сурферите“.

sm-wms-facebook-google-3-13-10

Извор и фото:

AllFacebook

 
AddThis Social Bookmark Button

„Twitter“ започна со геолокација на „твитовите“

 

„Twitter“ ја направи достапна услугата која ги геолоцира твитовите на корисниците. Тоа значи дека од сега па натаму нема да ви бидат потребни апликациите за мобилни телефони од типот на „Tweetie“ за да покажат каде се наоѓате додека „твитате“. Овој потег на „Twitter“ се очекува да придонесе за поголемо споделување на геолокациските податоци при конверзациите, а со тоа  да биде и значајна поддршка за локалните вмрежувања и претраги.

geotag-tweets

Во моментов услугата им е достапна на 40 проценти од корисниците, и тоа само преку „Firefox“, но се очекува да „проработи“ и на останатите прелистувачи, и за сите корисници на социјалната мрежа за микроблогирање.

Треба да се напомене и дека „Twitter“ не ги геолоцира твитовите автоматски. Потребно е најпрво да го овозможите споделувањето на локацијата во подесувањата, и да се согласите да ја направите оваа информација јавна.

Извор:

Digital Beat

 
AddThis Social Bookmark Button

Цел тим „твита“ за Конан О`Брајен

 

Во еден од своите твитови, Конан О`Брајен објави линк од „Twitpic“ на кој може да се види целиот тим задолжен за составување на 140-карактерските пораки на неговиот профил на „Twitter“.

conans-tweets-big

За колкав тим станува збор, погледнете и сами.

conan-tweet-team-big

Од „Mashable се шегуваат дека „цело село твита“ за популарниот ТВ водител.

 
AddThis Social Bookmark Button

Далај Лама на „Twitter“

 

dalaiВо серијата вклучувања на познатите личности на „Twitter“, најнова вест е дека и Далај Лама почнал да ја користи оваа социјална мрежа за микроблогирање.

Инаку, минатата година веќе постоеше профил на Далај Лама на „Twitter“, но се покажа дека станува збор за злоупотреба на неговото име. Овој пат веста е официјално потврдена, па така, вистинскиот Далај Лама сега ќе можете да го следите на @DalaiLama.

Извор:

Mashable

 
AddThis Social Bookmark Button

Олимписките игри во Ванкувер – Социјални игри

 

corporate_sponsorshipСпонзорите имаат ново име за Олимписките игри во Ванкувер – Социјални игри. Се смета дека многу повеќе луѓе ќе бидат со поглед врзан за екраните на компјутерите и мобилните телефони, одошто пред телевизорите додека траат ЗОИ 2010. Од Кока-Кола велат дека нивната реклама за време на „Super Bowl“ ја виделе 100 милиони луѓе, додека пак подоцна, по пат на Интернет, таа достигнала 500 милиони интеракции од различен тип. Сега истата формула се применува и за Олимписките игри. 

Повеќе...
 
Страница 1 од 2

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието