Медиумска писменост

Отворен конкурс за кратки есеи, научни анализи и мултимедијални текстови од областа на медиумската писменост

Е-пошта Печати PDF
AddThis Social Bookmark Button
Институтот за демократија (ИД) и Македонскиот  институт за медиуми (МИМ) во рамки на проектот „Унапредување на медиумската писменост во Република Македонија“, распишуваат  ОТВОРЕН КОНКУРС  за авторски кратки есеи, научни анализи и мултимедијални текстови (фотографии, аудио и видео клипови, видеоарт, стрипови итн.) од областа на медиумите и медиумската писменост.
Испратените авторски трудови може да се однесуваат на следните теми:
• Видео игри
• ТВ – Радио
• Социјални мрежи
• Адвертајзинг
• Музика
• Мобилни Телефони
• Интернет
• Весници
• Медиумска Деконструкција
Конкурсот ќе трае до 31 јуни 2011 година. Своите трудови можете да ги праќате на contact@idscs.org.mk, a изборот и НАГРАДУВАЊЕТО на НАЈДОБРИТЕ ќе се врши секоја недела, од страна на тим на Институтот за демократија и МИМ.
Избраните текстови ќе се објавуваат на веб страницата
www.mediumskapismenost.edu.mk.
Наградите за најдобар________ се:
а)Есеј (1000 ден)
б)Анализа (2500 ден)
в)Мултимедиајлен текст  (500ден)
Mедиумската писменост  претставува способност за ефикасно комуницирање (споделување, разбирање или ширење) на информации и на знаење преку медиумите или од нив. Поради тоа медиумската писменост е интегрален дел од ефикасната социјална трансформација, и помага во критичка јавност, ангажирано граѓанство, како и во воспоставувањето на стандарди за јавна отчетност и транспарентност.
Очекуваме  есеите да бидат лично гледиште на една од предложените теми, опсервација на причините или последиците на некој комуникациски процес или состојбата на некоја медиумска сфера (На пр. слободно симнување музика од интернет и ефектот врз музичката индустрија). Есеите може да бидат со големина од околу 950 зборови.
Анализите треба да бидат научни трудови од 3-3500 зборови кои ќе ги расчленуваат комплексните медиумски феномени и комуникацсики процеси на нивните составни делови; ќе се потпираат на одредени теоретски концепти и ќе се повикуваат на постоечка научна литература во соодветното поле.
Мулти медијалните текстови може да бидат уметничко/критички осврт кон темите на конкурсот низ разни медиумски формати (музички клип, видео клип од мобилен тел. или камера, анимација или стрип, видео арт итн.). Треба да содржат легенда  и опис на концепт и/или контексот на текстот. Овие текстови може да го имаат следниот формат:
• Фотографии големина до 3 MB /  формат JPEG
• Аудио клипови – траење до 5 мин.  / формати mp3,mp4, avi, ogg
• Видео клипови – траење до 10 мин.  /формати  mp4 (h264), wmv, swf, mpg, mov, avi, 3g2, 3gp. Совет: префериран кодек е h264 бидејќи е најсоодветен за веб прикажување. Дополнително, освен ако нема авторски причини, не додавајте црни ленти за да го прилагодите аспектот бидејќи веб плеерите (пр. youtube) сами го додаваат.
За секакви дополнителни информации може да не контактирате на

Последно освежено ( Среда, 11 Мај 2011 16:19 )  

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието