Медиумска писменост

Е-пошта Печати PDF
AddThis Social Bookmark Button

Совети за интегрирање на социјалните медиуми во наставата

 

social-sketch-brown-bag1Популарноста на социјалните мрежи меѓу учениците повеќе не е новост, туку секојдневие. И покрај ова, најголемиот дел од училиштата односот со социјалните медиуми го сведуваат на забрана за употреба на истите за време на училишниот престој. Причината за тоа е имиџот што социјалните медиуми го имаат како „одвлекувачи на внимание“, но и недоволното познавање на новите комуникациски технологии од страна на наставниците. Сепак, факт е дека социјалните медиуми се тука, и ќе останат уште долго, по се изгледа, и со ограничувања или без, учениците ќе продолжат да ги користат во секоја можна прилика.

Опишаниот контекст ги наведе луѓето од порталот „Mashable“ да објават статија со неколку совети за наставниците, кои би им помогнале да ги вклопат социјалните мрежи во наставата како корисна дидактичка алатка. Еве ги тие совети. 

1. Намалете ги забраните, но внимателно

Училиштата се со право претпазливи кога станува збор за употребата на социјалните мрежи од страна на учениците во кругот на училиштето. Оваа претпазливост најчесто се сведува на целосна забрана за употреба на социјалните мрежи. Тоа е пристап кој е наједноставен за самите наставници, бидејќи бара сосема мало надгледување на работата на учениците на училишните компјутери.

Сепак постојат технички начини за воспоставување на контрола на интернет-сообраќајот на училишните компјутери, а од голема помош би била и едукацијата на самите наставници, со што би се избегнал методот на стриктна забрана на социјалните медиуми.

2. Додадете соодветни наставни единици во предметните програми

Можеби еден од првите чекори кон интеграција на социјалните медиуми во наставата е воведувањето на наставни единици кои би се занимавале со оваа тематика. Темите од типот на „Медиумска писменост“, „Дигитално граѓанство“, „Граѓанско новинарство“ би помогнале учениците да се запознаат со „дигиталната етика“ и би се воспоставил однос со јасно одредени граници помеѓу она што студентите би смееле и она што не би смееле да го работат на училишните компјутери, без да се вовцедуваат ригорозни забрани.

3. Со едното око набљудувајте го ученикот, со другото гледајте го законот

Иако училишните компјутери се лесно подесливи кога пристапот до одредени содржини и активности е во прашање, имајте предвид дека денес речиси сите ученици имаат уреди со пристап на интернет, во форма на „умни“ мобилни телефони (smart phones). Кога случајно би настанал некаков правен проблем произлезен од употребата на личен уред поврзан на училишната мрежа, би било мошне тешко да се преземат соодветни мерки. Затоа, добро е да се има внатрешен училишен правилник, кој во многу би помогнал ваквите ситуации да бидат решливи. Истовремено, овој правилник би требало да биде дел од прирачникот за учениците/студентите, кој го добиваат на почетокот на учењето/студирањето.

4. Употребувајте ги социјалните медиуми во наставата

kids-gamingЕден од начините да направите социјалните медиуми да не бидат „одвлекувачи на внимание“ е да ги вклучите во наставниот процес. Доколку самите наставници имаат „бариера“ кон користењето на новите технологии, тука се надорешните обучувачи кои можат да помогнат во вклучувањето на социјалните мрежи во наставниот процес. Постојат мноштво начини да се инкорпорираат најпопуларните социјални мрежи од типот на „Facebook“, „Twitter“, „Wikipedia“, „Skype“ во наставата, а веќе постојат и наменски социјални мрежи за настава од типот на „Classroom 2.0“. Потребен се само малку труд и добра воља.

Заклучок

Наместо да се забрануваат социјалнит медиуми како деструктивни, училиштата треба да ги вклучат во наставата како неизоставен дел на наставниот процес. Ова само ќе помогне да се намали погрешната употреба на истите меѓу учениците, а истовремено ќе понуди и цел спектар на нови образовни алатки.

Извор:

Mashable

Последно освежено ( Четврток, 13 Мај 2010 12:29 )  

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието