Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button
There are no translations available.

Основни информации за проектот

„Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“

 

Mедиумската писменост е дефинирана како способност за ефикасно комуницирање (споделување, разбирање или ширење) на информации и на знаење преку медиумите или од нив. Поради тоа медиумската писменост е интегрален дел од ефикасната социјална трансформација, и помага во ангажирањето на јавноста, како и во воспоставувањето на стандарди за јавна отчетност и транспарентност.

Проектот „Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“ треба да им помогне на децата, адлесцентите и младите луѓе, да да ги унапредат своите познавања за улогата и функцијата на медиумите во демократските општества. Целта е тие да можат критички да им пристапат, да ги анализираат и проценуваат медиумските содржини и пораки што доаѓаат од различни видови медиуми - печат, електронски медиуми, Интернет, реклами - што би им овозможило  поангажирано учество во демократските процеси.

Концептот за медиумска писменост ќе биде промовиран и имплементиран во предметот мајчин јазик во сите години од основното и средното образование во Македонија. Проектот се состои од следните активности:

1. Обуки за наставници и професори

Се предвудува да се одржат 60-тина обуки на кои ќе бидат обучени околу 1.500 наставници и професори од основните и од средните училишта од Македонија, кои понатаму ќе предаваат за медиумската писменост во рамки на предметот мајчин јазик.

2. Креирање веб-страница

Целта на веб-страницата ќе биде претставување и популаризирање на концептот за медиумска писменост меѓу младите генерации во Македонија. На веб-страницата ќе може да се најдат сите информации поврзани со концептот за медиумската писменост, како и за самиот проект. Таа треба да послужи како алатка за добивање поголеми знаења од оваа област, за онлајн тренинзи, и како простор каде ќе може да се разменуваат искуства, информации и знаење.

3. Тркалезна маса

На тркалезната маса, која ќе се одржи во Скопје, ќе бидат поканети експерти од земјава и од странство, со цел да се иницира дискусија низ која би се размениле искуства, идеи и информации од оваа област меѓу организациите кои спроведуваат слични проекти во регионот, но и со цел да се зацртаат насоки за тоа како најдобро може да се изучува медиумската писменост.

4. Издавање прирачник за медиумска писменост

Со проектот се планира подготвување и издавање прирачник за медиумска писменост на македонски, албански, српски и турски јазик, кој ќе се користи во основните и во средните училишта, во образовните институции во земјава, како и од страна на медиумските професионалци.

Проектот ќе го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за демократија, Европскиот центар за новинарство од Холандија и Бирото за развој на образованието кое е под надлежност на Министерството за образование и наука на Р. Македонија. Финансиската поддршка за проектот е обезбедена преку програмата МАТРА на холандското Министерство за надворешни работи.

 

novi_baneri_03ALIDSCSEJCnovi_baneri_06_ALbaneri-ok_01_ALВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието