Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button

Пет начини да го заштите вашиот „Facebook“ профил од хакирање

 

5l7yv7Досега сигурно сте слушнале за случај на „хакнат“ „Facebook“ профил, при што личнит информации биле подложни на манипулација. Но, можеби не знаете колку е лесно вашиот профил да биде пробиен. Во време кога „Facebook“ е една од главните мети за прибирање туѓи информации од личен карактер, навистина ви е потребен план за заштита.

Еве неколку совети за превенција на профилот од пробивање:

 

Употребувајте сложени лозинки. Вашето име, името на вашиот партнер, датумот на раѓање, името на кучето – отфрлете ги во старт. Користете мешавина на букви, бројки и дозволени симболи. Служете се со големи и мали букви. Што подолга е лозинката, тлку сте побезбедни. Тоа значи дека треба да смислите лозинка над 6 каратери, а пожелно е оваа бројка да изнесува 8, 10 па и 12 карактери.

 

Менувајте ја вашата лозинка повремено. Повремено значи на неколку месеци, па дури и на месечна база. Овој процес е мошне едноставен и со малку труд ќе добиете голема сигурност.

 

Не станувајте пријател со секој. Згодната женска која има профил слика на која изгледа како холивудска старлета, што не ја знаете а ви испратила покана може да биде и машко. Не се залетувајте да ја прифатите. Избегнувајте ги и луѓето што немаат слика на профилот. Бидете претпазливи со луѓето кои не ги знаете лично а ви праќаат покани за пријателство. Внимавајте и на пораки од пријатели во кои бараат лични информации од вас. Можеби нивниот профил е пробиен, и преку него некој се обидува да го пробие и вашиот.

 

Не кликајте на сомнителни линкови. Ако кликнете на линкот што вашиот пријател го постирал на вашиот ѕид и тој ве одведе на сомнителна страна каде што треа да одобрите некоја апликација, подобро не правете го тоа. Постојат мноштво сомнителни апликации кои злоупотребувајќи ги имињата на вашите пријатели објавуваат информации на вашиот профил кои треба да ве измамат да дозволите пристап до вашите информации. Една од последните такви апликации е лажната “Like photo” апликација.

 

Не верувајте им на сите мејлови што ги добивате. Не заборавајте дека познатите компании кои нудат веб-услуги никогаш нема од вас да побараат одредени работи. На пример, „Facebook“  нема никогаш да ви испрати мејл во кој од вас ќе побара да ја промените лозинката или да внесете лични информации. Истовремено, внимавајте и на заштитата на вашата мејл адреса со која сте се пријавиле на „Facebook“ бидејќи преку неа вашиот профил најлесно може да биде злоупотребен.

Извор:

AllFacebook 

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието