Медиумска писменост

AddThis Social Bookmark Button

Поимовник на медиумската писменост

 

Секој специјализиран дискурс има свој посебен јазик, па така е и со дискурсот на медиумската писменост. Многу од поимите кои се наведени тука често имаат мошне пошироко значење од она кое ќе ви го претставиме. Ова е само обид да се дефинира значењето на поимите во областа на медиумската писменост.

Агенда/поставување на агенда: Процес со кој медиумите се обидуваат да влијаат на луѓето околу тоа што и за што да зборуваат и размислуваат.

Брендирање: Процес со кој добрата на пазарот стануваат препознатливи повеќе поради имиџот отколку поради конкретен квалитет. 

Деконструкција: Да се расчлени медиумскиот текст на неговите составни делови и да се анализира со цел да се разбере како и зошто е конструиран.

Демографија: Препознатливи карактеристики на медиумските конзументи – возраст, пол, степен на образование, приход.

Денотација: Опис на медиумскиот текст кој го покажува неговото основно, очигледно значење.

Жанр: Категорија на која и припаѓа медиумскиот текст, и која се одредува според стилот, формата и содржината на текстот.

Идеологија: Како ние како индивидуи го разбираме светот во којшто живееме. Ова разбирање вклучува интеракција помеѓу нашата лична психологија и социјалната структура што не опкружува.  Посредувањето помеѓу личната психологија и социјалната средина се случува со помош на процесот на комуникација, како и со помош на технолошките процеси кај масовните медиуми.

Иднустрија: Агенциите и институциите кои се вклучени во продукцијата на медиумските текстови. Овој поим се употребува и во поширока смисла, и се однесува на комерцијалната продукција на медиумски текстови кои имаат за цел да остварат профит. 

Интертекстуалност: Кога медиумскиот текст реферира, упатува на друг текст.

Конзументи: Публика за која комерцијалниот текст е конструиран и која реагира на текстот со комерцијална активност.

Конотација: Опис на вредноста, значењето и идологијата поврзани со медиумскиот текст, кои му ги придава публиката.

Конструкција: Како глагол, го означува процесот со кој се обликува медиумскиот текст и со кој му се дава значење. Процесот е подложен на најразлични одлуки кои треба да доведат до тоа публиката да биде заинтересирана за текстот. Како именка, фикционален или документарен текст кој се чини дека е „природен“ или  „одраз на реалноста“, но во суштина е обликуван и дадено му е значење по пат на процесот кој беше опишан погоре.

Критички: Со осврт по однос на значењето, наклонетоста и вредносните пораки на текстот. 

Критичко следење: Способност да се употребуваат вештините на критичко размислување при разгледувањето, анализирањето и разбирањето на прашањата поврзани со медиумскиот текст.

Масовни медиуми: Оние медиуми кои се дизајнирани со помош на технолошките средства да се обраќаат на широка публика

Медиумска едукација: Процесот преку кој идивидуите ги учат вештините на техничка продукција кои се употребуваат за создавање на медиумските текстови. Традиционалната медиумска едукација не ги вклучувала интелектуалните процеси на продукција поврзани со критичкото следење и деконструкцијата, додека пак современите пристапи најчесто ги содржат и овие процеси.

Медиумска писменост: Процес на разбирање и употреба на масовните медиуми на активен начин. Ова вклучува добра информираност и критичко разбирање на природата на медиумите, техниките кои се употребуваат од страна на медиумите и ефектот кој тие техники го имаат.

„Морална паника“: Нагло зголемување на вниманието на јавноста за можна закана по социјалните вредности и интерси предизвикано од изложеност на медиумски текст.

Наратив: Кохерентен след на секвенци кои прикажуваат настани во одреден простор и време, во рамките на медиумскиот текст. Накусо, претставувањето на сценарио, приказна.

Опозициски: Критички поглед кој се противи на вредностите и идеологијата на медиумскиот текст кои креаторите на текстот имаат намера да ги претстават.

Преговарање: Процесот по кој публиката индивидуално или колективно ги пронаоѓаат, интерпретираат и деконструираат значењата во рамки на медиумскиот текст.

Продукција: Индустрискиот процес на создавање на медиумските текстови. Луѓето кои се вклучени во овој процес.

Продукциски вредности: Овој поим ги опишува квалитетите на медиумската продукција во однос на средствата и технологијата употребени во процесот на создавање на медиумскиот текст.

Психографија: Пософистицирана форма на демографија која вклучува информации за психолошките и социолошките карактеристики на конзументите на медиумите, како што се карактер, вредности, емоционална реакција и идеолошки убедувања.

Публика: Група на конзументи за коишто медиумскиот текст е конструиран, како и сите оние кои се изложени на текстот.

Репрезентација: Процесот по кој конструираниот медиумски текст ги претставува, симболизира, опишува или репрезентира луѓето, местата, настаните и идеите кои се реални и постојат надвор од текстот.

Стереотип: Форма на медиумска репрезентација со која лесно препознатливите карактеристики се употребуваат да се обележат членови на општествените или културните групи. Стереотипите се најчесто негативни, иако можат да содржат елементи на вистина кои се користат од страна на медиумите за да ја зацврстат рецепцијата кај публиката.

Текст: Единечниот резултат од медиумската продукција: филм, ТВ серија, книга, весник, реклама, музички албум и слично.

Ударен термин: Термин во кој се очекува емитувањето да привлече најголема публика.

Цензура: Практика на отфрлање, потиснување на текст или дел од текстот кој се смета за несоодветен според одредени стандарди.


Извор:

  Mediacy, the newsletter of Ontario's Association for Media Literacy, Volume 16, Number 3, Summer 1994.

 

 

МИМIDSCSEJCФинансирано од:Министерство за образование и наукаВисока школа за новинарство и за односи со јавностаБиро за развој на образованието